(ВИДЕО) Јошка или Аца Лукас?! Погледнете го новиот видео проект од Јошка

Please follow and like us:
Pin Share

Јошка деновиве го претстави неговиот најнов проект. Станува збор за микс од кавери на познати хитови од Аца Лукас. Видео проектот се снимаше во Перт, Австралија во соработка со ИН Продукција.

Познатиот фолк пејач Николче Симоновски Јошка или Македонскиот Аца Лукас како што го нарекуваат во јавноста, пред извесно време на неколку атрактивни локации во Перт, Австралија сними нов видео проект поразличен од неговите досегашни.

Имено, станува збор за кавери на неколку познати хитови од Лукас, односно микс кој што трае десетина минути. Видето го снимаше екипата на ИН Продукција од Охрид, која што во  во изминатите три месеци престојуваше во Австралија.

Инаку, Јошка важи за еден од најбарните пејачи на семејните прослави кај нашите македонци во Австралија, но и во Македонија.

Тој неодамна беше дел и од Изборот на најуспешни лица кој што се одржа во Перт. Јошка доби доби признание за допринес и ширење на македонската култура и традиција во Австралија, а беше и специјален гостин на вечерта, па ги почести присутните гости со одлична изведба на познатите македонски хитови.

Во продолжение уживајте во видео проектот на Јошка !

Please follow and like us:
Pin Share