Дамјан Стојаноски го промовираше спотот за песната “Останав сам”. Станува збор за доста емотивна балада во која се опејува моментална состојба од неговиот живот. Видеото се снимаше кај езерото Козјак, а го изработи ИН Продукција.

Дамјан Стојаноски го промовираше спотот кој што го сними деновиве, за неговата најнова песна насловена “Останав сам”.
Снимањето се одвиваше на прекрасни локации покрај езерото Козјак, а спотот го изработи ИН Продукција. Текстот и музиката и овојпат ги направи Дамјан, а аранжманот е на Златко Миладиноски.
Во песната како што вели тој, опејува за моменталната состојба во неговиот приватен живот.
-Песната се вика “Останав сам” и некој можеби ќе си рече “Како сам, тука му е фамилијата”, но тоа “сам” е малку метафорично кажано бидејќи имав така една емотивна случка во мојот живот и ја направив токму оваа песна, дома пред камин. И токму затоа во спотот има инсерти каде што го користиме каминот од викендицата на мојот вујко, па би сакал да му се заблагодарам што ни ја отстапи за снимањето. Снимавме и крај езерото Козјак, навистина убава природа недопрена можам да речам, убаво езеро, тука и многу спортски риболовци, прекрасно место.
-Јас и повеќето песни ги правам сам, но оваа беше од моја моментална состојба направена и мислам дека народот ќе го почувствува тоа дека навистина го чувствувам тоа што го пеам во оваа песна. Се надевам на добри реакции, ова е малку е поразлична песна можеби од другите мои песни, но зошто да нема и нешто поразлично.-истакна Дамјан, за гледачите на ИН ТВ.

Спотот беше премиерно претставен на сателитската ИН Телевизија, а може да го погледнете и на јутјуб каналот на Дамјан. Со оглед на тоа што станува збор за доста чувствителна песна, Дамјан и за песната и за спотот доби бројни позитивни коментари од неговите пријатели, роднини, колеги и музички соработници.
Во продолжение погледнете го спотот !
