Русокосата Лени Партикова најавува два албуми

Please follow and like us:
Pin Share

Неа често може да ја видиме на фестивалите кои што се одржуваат низ нашата земја. Лени Партикова настапи и на Гоце Фест, заедно со Раде Младеновски. Таа за периодот кој следи најавува албум со народни и албум со забавни песни.

Лени Партикова е добропозната на јавноста по нејзините фестивалски настапи, но и свирки низ рестораните во Македонија. Таа неодамна заедно со нејзиниот колега Раде Младеновски настапи на годинешното издание на Гоце Фест со дует песната “Ајде Македонијо”, со која што ја освоија втората награда од стручното жири.

Во интервју за ИН ТВ, Лени открива дека е при крај со двата албуми, од кои едниот ќе биде со народни, а другиот со забавни песни.

-Ќе има и други фестивали сигурно. За мене е гордост да настапам и многу ги сакам фестивалите. Мене ми е во план да издадам и албум, при крај ми е и со народните песни и со забавните, затоа што напоредно ги работам двата стила на пеење и да работиме со Раде, да си го земеме во нашиот бенд.-истакна Партикова за естрадниот магазин Естрада плус.

Лени има бројни настапи низ целата земја, како што вели таа во различни краеви низ Македонија, а во преговори се за заеднички свирки со Раде. Таа не го криеше задоволството од досегашната соработка со него.

-Сега сме во преговори за настапи, сме пееле насекаде низ Македонија на различни места. Моментално немаме некои закажани термини, меѓутоа во преговори сме да работиме заедно со Раде, па ќе видиме како ќе биде. Добро си соработуваме и досега, а мислам дека и отсега па натаму ќе биде многу добро, ќе бидеме соработници во музиката.-додава Лени за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, песната “Ајде Македонијо”, која што Лени и Раде ја отпеаа на Гоце Фест е посветена на сите македонци кои што живеат надвор од родната земја.

Please follow and like us:
Pin Share