Битолскиот Оркестар “Фаворити” подготвува проект во живо

Please follow and like us:
Pin Share

Момците од Оркестар Фаворити од Битола периодов работат на нешто ново. Тие во интервју за ИН ТВ откриваат дека се подготвува проект во живо со кавери на познати хитови.

Оркестарот Фаворити важат за искусни музичари кои секој момент го користат да снимат нешто ново. Тие зад себе имаат голем број авторски песни, а периодов подготвуваат и проект кој ќе се состои од преработки на познати хитови. Како што велат во интервјуто за ИН ТВ, проектот ќе биде отсвирен и отпеан во живо.

-Ние секогаш нешто си работиме, со полна пареа. Ако стивнат авторските песни, одма почнуваат преработките, во живо некој проект. Еве веќе работиме на проектот, работиме на авторски песни имаме една песна од мојот татко напишана за скоро ќе биди готова и таа исто како што кажав за Македонија.-открива Јове, за естрадниот магазин Естрада плус.

Тие со песната “Македонија на Македонците” настапија на Гоце Фест кој што се одржа неодамна во Домот на АРМ во Скопје, а нивниот настап и песната беа одлично прифатени од публиката. За песната добија и низа позитивни коментари на социјалните мрежи.

“Македонија на Македонците” е само почеток на она што допрва ќе следува од нив. Како што откриваат во интервјуто за ИН ТВ, планирано е да се направи албум со песни кои што ќе бидат посветени на Македонија.

 

Please follow and like us:
Pin Share