Откако ќе го снимат официјалното видео за песната “Свирете за зетот”, Даниел Сидовски и група Респекти ќе објават уште една песна. Како што откриваат во интервјуто за ИН ТВ и таа песна ќе биде со свадбарска тематика.

Откако ја објавија нивната најнова песна со свадбарска тематика “Свирете за зетот”, група Респекти добија низа позитивни коментари и критики од јавноста и нивните фанови. Радува фактот што песната уште од нејзиното прво објавување е одлично прифатена, а тие за оваа песна најавуваат и снимање на спот во најскоро време, бидејќи се покажува дека песната заслужува да си добие и официјално видео.
Но покрај оваа песна, тие перидов работат на уште една нова која повторно ќе биде со свадбарска тематика.
-Малку нека легне оваа песна, па имаме уште една песна која што сакаме да ја обработиме за брзо време. Исто ќе биде полн погодок. Ќе се базираме пак на народното, се пробуваме и во забавно, сепак мислиме дека ние сме една свадбарска група, свириме и дискотеки и ресторани и се, но најдобро е кога ќе се базираш на свадбите, луѓето ги исполнуваш, си се пронаоѓаш таму и најубаво е тоа. Мислам дека ќе направиме уште една таква слична песна како “Свирете за зетот”.-истакна Даниел во неодамнешното интервју за ИН ТВ.
Инаку, момците од група Респекти во моментов важат за едни од најбараните македонски музичари во земјава, а најчесто се застапени во Скопскиот регион. Доказ за тоа дека се најбарани се и големиот број видео снимки кои редовно ги објавуваат на социјалните мрежи.
