Дарко и Спасен во посета на ИН ТВ во Мелбурн

Please follow and like us:
Pin Share

Веднаш по пристигнувањето во Австралија, Дарко Стојаноски и Спасен Силјаноски го посетија новото студио на ИН ТВ во Мелбурн. Тие меѓудругото ги најавија нивните осум концерти низ Австралија и ветуваат одлична забава со исклучиво македонска музика.

Дарко Стојаноски и Спасен Силјаноски, заедно со нивната екипа од Македонија пристигнаа во Австралија, каде што пред нив е големата Австралиска турнеја. Веднаш  по пристигнувањето, тие беа во посета на новото студио на единствената македонска музичка телевизија во Австралија, ИН ТВ.

Дарко во интервјуто најави дека ќе се потрудат македонската песна да ја претстават во најдобро светло пред нашите иселеници.

-Ви благодарам за поканата да бидеме гости во студиото на ИН ТВ во Мелбурн, тука е прекрасно во студиото, воедно и во Австралија бидејќи сум за првпат морам тоа да го искажам дека се чувствувам многу добро, а ќе се потрудам уште подобро да ја претставам нашата песна од Македонија тука на нашите Македонци во најубаво светло.-истакна Дарко, по пристигувањето во Австралија.

Како што ве информиравме и претходно, на нивните концерти ќе се пее исклучиво македонска песна. Спасен ги поканува сите нашинци и помлади и повозрасни да ги посетат нивните македонски концерти и да се потсетат на нивните корени.

-Имате добитна комбинација и ги уверувам дека ќе има што да слушнат сите што ќе дојдат и од музичка и од изведувачка гледна точка. Дојдени сме со нов репертоар, со нови песни. Морам да кажам дека доаѓаме од МАКЕДОНИЈА и на нашите концерти се пеат исклучиво македонски песни и ова е покана за сите љубители на македонската музика и за повозрасните, а ќе ми биде мило и за помладите да дојдат да се запознаат со нивните корени и традиција, да слушнат бидејќи има многу македоски новокомпонирани песни кои ќе ги задоволат се надевам, сите вкусови на секоја генерација.

Да бидам искрен, добив информација од мојот менаџер Аце Петкоски дека има преголемо побарување на карти за нашите концерти и оптимиста сум дека сите концерти ќе бидат распродадени до последно место и ова нека биде предупредување до оние кои што сакаат да бидат гости да побрзаат со резервациите на билетите за влез, затоа што можеби на некого ќе им биде после криво затоа што не дошол на концертите.-изјави Спасен, во интервјуто за сателитската ИН ТВ.

Во склоп на нивната Австралиска турнеја ќе бидат одржани вкупно осум концерти. Првите се закажани за 7-ми и 8-ми март, а како што информира организаторот Ацо Петкоски, концертот за 8-ми март, односно за Денот на жената е веќе распродаден.

Покрај во Мелбурн, Дарко и Спасен ќе настапат и пред нашите македонци во Сиднеј, Queanbeyan и Перт.

Please follow and like us:
Pin Share