Татјана Лазаревска проговори за негативните коментари околу песната “Инстаграм”

Please follow and like us:
Pin Share

Миленичката на многу генерации, Татјана Лазаревска пред извесен период беше мета на социјалните мрежи и доби голем број критики за нејзината песна “Инстаграм”. Што мисли фолк пејачката за негативните коментари, ќе дознаеме во продолжение од следниот прилог и од изјавата која таа ја дава за сателитската ИН ТВ, на шоуто во Мелбурн.

Една од најпознатите фолк пејачки од Македонија, Татјана Лазаревска која веќе неколку години заедно со нејзиниот сопруг Новица и синовите, живее во Австралија, изминатиот период беше дел од првото Новогодишно шоу кое што се снимаше во новото студио на сателитската ИН ТВ, во Мелбурн.

Таа ексклузивно за гледачите  на ИН ТВ проговори за сите коментари, но и бурните реакции околу песната “Инстаграм”, кои се случија пред извесен период на социјалните мрежи и јутјуб каналот.

-Јас бев ова лето во Македонија, многу кратко, со една убава причина имавме семејна веселба, односно свадба на наши најблиски од фамилијата. Покрај свадбата јас успеав во 21 ден да завршам повеќе обврски. Снимив една песна аудио и снимивме видео запис за истата песна со ИН Продукција, која што наиде на бурна реакција на мое задоволство, песната се вика Инстаграм и јас сум многу горда на таа песна затоа што пеам за љубов. Тие што не ме доживуваат вака како што изгледам ми е многу жал, меѓутоа јас сум многу задоволна првенствено од мојот сопруг кој што е мојот идол, мојата потпора и мојот најголем судија. Кога тој рече амин за песната, јас апсолутно не помислив ниеден момент дали да ја снимам или не. 21-ви век, модерна технологија, модерни времиња и треба да се потрудиме и ние малку да бидеме модерни, затоа ја снимив песната Инстаграм.-изјави Лазаревска во интервјуто за ИН ТВ.

Покрај снимањето на спотот за песната “Инстаграм”, Татјана во тие 20-тина дена успеа да отпее на една свадба, имаше шест други свирки, а одржа и бројни гостувања на македонските национални телевизии.

-Се што некој може да направи во една година, јас направив во 20 дена, многу нескромно, меѓутоа искрено. Така да, следната дружба со публиката во Македонија ќе биде уште подинамична, тоа им го ветувам.-додава Татјана за естрадниот магазин Естрада плус.

Во продолжение погледнете го спотот за “Инстаграм” !

Please follow and like us:
Pin Share