Полиција упадна на настапот на Рада Манојловиќ

Please follow and like us:
Pin Share

Српската пејачка Рада Манојловиќ неодамна доживеа голема непријатност кога на аеродром во Швајцарија полицијата не ја пушти да влезе во државата и да го одржи својот настап.

По оваа случка, Манојловиќ беше вратена во Србија. Меѓутоа, деновиве Рада повторно доживеа непријатност кога на отварањето на една дискотека полицијата упаднала на нејзиниот настап, направила рација и го уапсила сопственикот на дискотеката Бериз Кабиловиќ.

Кабиловиќ одбил да биде претресен од страна на полицијата. Како што тврди адвокатот, Кабиловиќ бил уапсен бидејќи ги одбивал барањата на полицијците, но веднаш потоа бил пуштен на слобода.

Од друга страна, извори од полицијата тврдат дека полицајците во дискотеката пронашле ппакети со кокаин, но не е утврдено на кого припаѓааат.

Please follow and like us:
Pin Share