Анета и група Молика во с. Оровник по повод празникот Св. Недела

Please follow and like us:
Pin Share

По повод празникот Св. Недела во истоимениот манастир во с. Оровник ќе се одржи богослужба за сите верници. Секако после богослужбата ќе има и одлична забава за која ќе се погрижат извонредните Анета и група Молика.

Традицијата продолжува повторно и оваа година. По повод празникот Св. Недела во с. Оровник на ден 19-ти јули во петок, со почеток од 20 часот ќе се одржи богослужба во црквата Св. Недела, а веднаш потоа следува богата културно уметничка програма со познатите Анета и група Молика.

Од Црковниот одбор информираат дека ќе биде обезбеден бесплатен превоз за сите верници кои сакаат да присуствуваат. Поаѓање од маркет Тамаро-Охрид кај постојката од 19 часот.

Бидете дел од оваа традиционална прослава на 19-ти јули во 20 часот.

Повеќе информации на телефонскиот број 070/778-578.

Please follow and like us:
Pin Share