Младата Викторија Чочороска од својата шеста година пројавува афинитети кон музиката

Please follow and like us:
Pin Share

Своите почетоци ги бележи како член во КУД “Дримкол” од Вевчани каде покрај играорната група пројавува голем интерес  и кон пеењето. Младата Викторија Чочороска со музиката започнала да се занимава од својата шеста година, за денеска да прерасне во еден голем музички талент кој изобилува со енергија и потенцијал кон музиката.

-Со музиката почнав да се занимавам уште на шест години. Тогаш почнав да се запознавам со тоа дека сакам да пеам. Почнав во КУД “Дримкол” како играорка. Подоцна се префрлив како солист и како член на групата “Каданка” и од таму веќе ги имав тие редовни настапи и тоа запознавање со музиката. Подоцна се запишав во средното музичко училиште во Струга на соло пеење, а пред неколку години завршив на Универзиетот во Скопје, соло пеење, истакнува Викторија.

Неодамна Викторија се појави со свој музички солистички новитет преработка на песната “Ој, јаворе ти јаворе” за која сними и видео запис.

-Се работи за стара македонска песна која потекнува од Егејска Македонија, се вика ”Ој јаворе ти јаворе”. Мене ми е многу драга таа песна, исто ја пеев во КУД “Дримкол” за некои настапи. Случајно ја дознав пред две –три години ми стана многу драга и првата средба со Никоче Мицевски баш таа песна ја отпеав и решивме да ја преработиме и многу сум задоволна од неговиот аранжман и како денес песната изезе во наша изведба, истакнува Викторија.

Исто така Викторија стана уште повеќе препознатлива по нејзиното појавување во големиот видео запис на “Некст тајм” во  преработката која ја направија за безвременската песна “Нешто ќе те питам бабо”.

Please follow and like us:
Pin Share