Нова песна за која слободно можеме да кажеме дека е химна на ракометниот клуб Вардар, посветува познатиот фолкер Влатко Алексовски. Имено станува збор за песна која ги има звуците од безвременската “Шушана” но овојпат со текст посветен за ракометниот ас “Вардар”.

-Би рекол старо-нова песна, бидејќи минатата година имавме заеднички проект на темата “Сузана”, односно македонска верзија на големиот хит “Шушана”. Песната одлично котира на сите свечености но во меѓувреме како што знаеме ракометниот клуб “Вардар” стана европски шампион па меѓу другите песни кои сами ги импровизираа со текстови како големиот хит од Макфест ја пееа во нивна верзија, во публиката слушам музиката на “Сузана” со интересен текст. Кога го слушнав тоа веднаш добив идеја, кога веќе проектот “Сузана” го имаме во студио да го испеам со нов текст, истакнува Влатко.
Целта на ваквата заложба на Влатко претставува една голема благодарност кон ракометарите за сето тоа што тие го направија за нашата држава. Како што истакнува Влатко тоа ќе биде химната на “Вардар” , впрочем и како што е насловена песната “Напред Вардаре”.
