Спасен Силјаноски и Дамјан Стојаноски промовираа дуетска песна

Please follow and like us:
Pin Share

Важат за колеги, но и блиски пријатели. Кичевчаните Спасен Силјаноски и Дамјан Стојаноски овојпат решија да снимат дуетска песна која е насловена “Славчо и Иванчо”. Песната е доста емотивна, а приказната има трагичен крај. Се надеваат дека истата ќе допре до сите македонци, бидејќи го отсликува животот на македонците во минатото.

Едни од најдобрите македонски грла Спасен Силјаноски и Дамјан Стојаноски, деновиве ја промовираа заедничката песна која носи наслов “Славчо и Иванчо”. Станува збор за доста стара народна песна, која што не е позната меѓу народот. Нивната цел како што вели Спасен е да ја оживеат истата.

-Точно така, баш пред неколку дена заврши тој наш проект. Една дуетска песна со мојот драг другар и колега Дамјан. Песна народна која што досега не е пеена, никој ја нема слушано, ние си ја пееме фамилијарно и е доста интересна за нашиот крај. Така да, на една приватна седенка си ја пеевме јас и тој таа песна со друштво. Еден од нашите другари кој беше присутен ја снимаше и ја стави на јутјуб. Имаше премногу позитивни коментари и барање од нашите обожаватели да ја снимиме во живо. Тоа беше и причината за таа песна да се сними.-открива Спасен.

Во видеото Спасен го глуми ликот на Иванчо, а Дамјан е Славчо. Спасен при неодамнешното интервју накратко ни ја раскажа и приказната на песната.

Се работи за многу интересна приказна во која што двајца први братучеди одат во војна на турска граница некаде периодот на Балканските војни, едниот од братучедите е оженет со деца, а другиот не е. Оженетиот сум јас, а другиот го глуми Дамјан. Одат на војна и погинува оној кој е оженет, другиот кој останува жив се враќа и го пречекуваат внуците, сопругата и мајката на убиениот и така. Тоа е песна со еден трагичен крај, односно песна која што ја отсликува вистинската ситуација што била на македонскиот народ во македонската историја во минатото. Доста емотивна песна со трагичен крај.-раскажува познатиот фолк пејач.

Дамјан не го криеше задоволството од дует песната со неговиот колега Спасен и вели дека песната добива одлични коментари од јавноста.

-Таа песна подолго време си ја пеевме јас и Спасен на наши приватни забави, па ете дојде време и да се сними. Презадоволен сум од тоа како излезе песната и секако задоволен сум од спотот. Коментарите засега се одлични и се надевам дека песната ќе си го најде местото. Тоа е трогателна приказна и мислам дека песната ќе допре до секој еден македонец-вели Дамјан, за гледачите на ИН ТВ.

Please follow and like us:
Pin Share