Селект бенд Охрид-Разбирањето е тоа што не држи заедно сите овие години

Please follow and like us:
Pin Share

Долги години опстојуваат на македонската естрада. Од самиот почеток од оформувањето па се до денес тие се во истиот состав. Од Селект бенд велат дека разбирањето е она што ги држи заедно во сите овие години.

Селект бенд од Охрид важат за искусни музичари кои скоро 19 години успешно опстојуваат на македонската естрада. Бендот се состои од пет членови, а најпознати и доста барани се во Охридскиот регион.

-Бендот долги години постои и сме доста познати во Охридскиот регион. Постои од 2000-та година, значи неполни 19 години. Се состои од Марјан Смилески на тапани, Боби на клавијатури, Христијан на гитара, Климент на дувачки инструменти и јас како вокал на бендот.-истакна Љупчо Аслимоски.

Нивната приказна започнала во месец август 2000-та година кога сите заедно се собрале и одлучиле да оформат бенд. Најпрво свиреле забавна музика, но подоцна се пренамениле во македонска народна музика.

-Мислам дека е разбирањето она што не одржа заедно сите овие години. Имаме доста големо разбирање на високо ниво. Ги сработуваме песните, но и напорно работиме за да бидеме во тек со она што се случува денес во музиката.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Тие деновиве во соработка со ИН Продукција снимија видео проект со добро одбрани македонски народни хитови, односно песни кои што се доста познати и барани од нивната публика.

 

Please follow and like us:
Pin Share