Наскоро нов албум од охридската група “Далги”

Please follow and like us:
Pin Share

Важат за музичари кои што сакаат да ја зачуваат традиционалната македонска пессна. Во последниов период постојано работат на нови песни и музички дела, а за следниот период најавуваат и заеднички албум. Група Далги, најзастапени се во Охридско-струшкиот регион, а повеќе се стационирани во езерскиот комплекс Метропол и Белви.

Охридската група “Далги” пред само краток период во студиото на ИН Продукција ги промовираа нивните најнови музички дела. Станува збор за авторската песна “Маре”, како и двете инструментални ора кои се дело на Зоран Јанкоски, еден од членовите. Тие со забрзано темпо работат на снимање нов материјал, а во интервју за ИН ТВ најавија и заеднички албум.

-Тоа обавезно да. Материјалот се подготвува и за кратко време ќе биде и целосен албум па тогаш ќе има со што да се пофалиме, ќе имаме повеќе наши дела кои ќе ги сработиме во овој краток период.-истакна Дончо Бујароски.

Од неодамна, вокал на група “Далги” е младиот Живко Кацелиновски, кој не го криеше задоволството од соработката со неговите колеги. Тој вели дека во најскоро време ќе снимат и неколку преработки на стари македонски песни.

-Нормално дека со повеќе членови е подобро, посебно со вакви искусни музичари какви што се моите колеги од “Далги”. Во следниот период ќе работиме на некои преработки на македонски песни, за брзо време ќе подготвиме проект и секако дека ќе извадиме и албум за скоро.-вели Живко.

Тие во моментов подготвуваат и една фестивалска песна, со којашто планираат да настапат на Гоце Фест.

Please follow and like us:
Pin Share