Младиот стружанец Ангел Стојкоски сеуште под импресии од неодамнешната турнеја во Америка. Настапуваше заедно со фолк дивата Елена Велевска и музичарите Митко Бежаноски и Илија Тотовски Тота. Ангел во интервју за ИН ТВ вели дека си поминал незаборавно, надевајќи се дека наскоро повторно ќе ги посетите нашите македонци во Америка.

Ангел Стојкоски неодамна оствари турнеја во Америка, заедно со неговите колеги Митко Бежаноски, Елена Велевска и Илија Тотовски-Тота. Ова беше прва турнеја за младиот пејач во оваа далечна земја, а Ангел е сеуште под импресии од истата.
-Одлично поминавме заедно со моите колеги. Морам да го поздравам менаџерот Стојче Стојкоски кој што не зеде таму и одлично не прими и премногу му сме благодарни. Концертите ни беа полни, публиката весела и насекаде беше прекрасно со нашите пријатели, имавме прекрасна дружба како со колегите така и со тамошните македонци. Чувството е едноставно прекрасно.-раскажува младиот пејач, за гледачите на ИН ТВ.

Овие врвни музички имиња одржаа концерти низ повеќе градови во Америка и тоа, Њу Џерси, Индијана, Чикаго, Охајо итн.
Покрај песните од нивниот репертоар, Ангел вели дека нашинците им барале и доста песни од нивни колеги и секако старите македонски хитови.
-Претежно ги бараа песните од Наум Петрески, неговите големи хитови, Ефто Пупиноски и незаборавниот Секула Пупиноски. Големиот Гоце Арнаудов кој никогаш нема да биде заборавен. Истотака доста ни ги бараа старите македонски песни, некои подзаборавени, но нашинците ги слушаат.
Инаку, Ангел периодов е доста ангажиран со настапи низ нашата земја, но и со снимање на нов материјал. Тој деновиве го промовираше спотот за неговата најнова песна “Две сестри”, кој што изработи ИН Продукција.
