Групата “Плетенка” постои полни четири години на македонската музичка естрада, а зад себе имаат реализирано низа музички проекти. Целта на ваквите проекти е пред се да ги запознае пубиката со она што знаат да го свират и пеат, но и да се продолжи зачувувањето на македонските хит рефрени и понтака пред помладата публика. Шесте членови од оваа битолска група одлично се надополнуваат и функционираат на музичката сцена.
-Групата се состои од членовите Спире Јованоски на дувачки инструменти, хармоникаш Валентин Тодороски, сајзер Горан Петроски, бас гитара Коста Стефаноск и Трајчее Иваноски. Оваа години ни е четврта како сме заедно и твориме, работиме. Се сложуваме што е најважно како другари, истакнуваа Марко вокал на групата.
Со оглед на тоа што генерациски се многу блиску сите членови на групата, тие успешно функционираат и се креативни во својата заедничка замисла.
-Кога се има кејф, работата не е тешка, кратко истакнува Марко.
Ема и групата “Плетенка” се постојано барани со нивни настапи, особено најповеќе во Битолскиот крај на семејните и свадбените свечености.
