Познатиот охридски музичар Мирко Вретовски неодамна при готувањето во ИН продукција низ разговорот отрки многу детали кои се поврзани со неговата долгогодишна музичка кариера. Имено, тој деновиве беше дел од снимањето на новиот видео запис за инструменталката “Црешнобер оро” од познатиот хармоникашки виртуоз Гоце Џуклески со кого бележат долга музичка соработка. Помеѓу другото Мирко отрки и тоа дека добар период од годината поминува во далечната Канада каде и таму ја прмовира македонската , особено охридската песна.
-Поледниве години сум во странство и тука, контактот е тука, енергијата наша е тука создаваме доста песни негови. Настапувам и на доста фестивали, најповеќе на “Охридски трубадури”, бидејќи само преку лето сум тука. Зимскиот период сум во Канада, веќе 28 години. Мојата кариера од прилика се одвива тековно, свирам и во Канада, свирам и тука во рестораните во Охрид, свадби, крштевки според она што се бара. За летово планирам уште една песна за “Охридски трубадури”, додава Мирко.
Со оглед на тоа што Мирко свири и пред публиката во Канада, тој посебно настојува да ја промовира македонската песна со акцент на охридските звуци, но сепак како што вели има дел кој што бара една нова помодерна музика.
-Хипер продукција има на една сосема друга музика, незнам како да ја наречам, но кога ќе презентираме некоја охридска песна , луѓето секогаш остануваат воодушевени, додава Мирко.
