Далибор Ѓошиќ секој момент го користи да создаде нешто ново

Please follow and like us:
Pin Share

Секој момент го користи да создаде нешто ново, а исклучиво ја негува македонската песна. Далибор Даки Ѓошиќ деновиве сними спот за дуетската песна со Елена Јовческа, а веќе најавува уште еден дует со неа, но во побрз ритам, со што според него, заедно со Елена би направиле вистински џумбуш на естрадата.

Далибор Даки Ѓошиќ, важи за еден од најдобрите вокали во земјава. Тој секој момент го користи за творење на македонска музика и снимање на нови песни. Изминатиот период промовираше спот за неговиот хит “Животе мој”, а најавува уште едно видео за нова песна.

-Па да, јас сум на сите страни во моментов, има доста настани сега овој период и доста патувања, приватни забави. Имам два спота, едниот за “Животе мој” и уште една нова која ќе се случи во скоро време, “Чаршијо моја”.-изјави познатиот пејач, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Далибор при неодамнешното интервју за ИН ТВ вели дека во периодот кој следи би сакал да сними уште еден дует со неговата колешка Елена Јовческа, но овој пат песната да биде во побрз ритам.

-Искрено би сакал да направиме уште еден добар дует во некој побрз ритам со Елена, каде што би направиле навистина џумбуш. По карактер сме ние така малку поагресивни во позитивна смисла на зборот и ни треба нешто пожестоко што би рекол јас. Така да очекувајте, ќе биде а скоро.-

Инаку, Далибор деновиве сними спот со Елена Јовческа за нивната прва дуетска песна која е насловена “Љубовта не родила”. Видеото се снимаше во Прибилци, во соработка со ИН Продукција, а спотот се очекува да биде промовиран во најскоро време на сателитската ИН ТВ.

Please follow and like us:
Pin Share