
На 26 септември во 20,45 часот, пред салон на Нептун во Аеродром, обиен е автомобил, марка Форд Фокус-караван и одземени се музички инструменти Roland G600 и Korg PA 600 во сопственост на Антониј Климе Јакимовски. Возилото било паркирано во близина на влезната врата на салонот.
Доколку некој има било каква информација да се обрати на бројот 078-587-413.
Според информациите на посоченото место и претходно имало чести кражби, при што се апелира до поголема претпазливост.