
Еден пејач или пејачка треба да има ѕвезда и харизма за да биде успешен, вели фолкерката Сузана Гавазова, која во периодов и тоа како е сконцентрирана и насочена кон освојување на соседниот музички пазар во Србија. Таа додава дека како што нашите српски пејачки се многу убаво и добро прифатени тука во Македонија, така и нашите пејачки се прифаќаат добро таму во Србија.
-Многу пејачки навистина изгледаат преубаво . Мислам дека треба еден пејач или пејачка да си има ѕвезда, харизма, тоа е тоа што ги носи пејачите да бидат успешни и сакани. Има навистина ногу убави пејачки таму. Се трудам да изгледам секогаш добро , па кога ќе ги промовираме тие песни имам тим кој ќе се грижи за мојот изглед, како да бидам облечена, нашминкана така да и со тоа сум спремна, вели Сузе.
Сузана не го открива кој е тимот кој ќе стои зад неа во буквална смисла на нејзиниот имиџ и стајлинг на српската сцена, но истакнува дека тоа се веќе докажани професионалци на кои целосно им верува. За новогодишните ангажмани Сузе најавува дека ќе остане во Македонија. Добро е и тука во нашата Македонија и добро сме и платени, така да исплатливо е и тука да останеме за новогодишната ноќ, отколку да заминеме некаде во дијаспората, вели Сузана и додава дека за оваа најлуда ноќ ќе биде заедно со “Балкан бенд” а каде, преговорите се сеуште во тек.
