
Велешката група “Соната” која долго време е застапена на македонската музичка сцена, има бројни фестивалски песни како и еден албум со македонски стари песни. Со оглед на големите песни кои ги имаат отпеано, не ја исклучуваат можноста да реализираат уште еден нов албум со нивни песни.
-Би требало, секогаш разговараме на тоа, меѓутоа ете поради другите настапи, свирки и понеделник кога ќе дојде гледаме малку да се одмориме, некаде да избегаме, да прошетаме. Верувам дека во блиска иднина ќе ги ставиме сите тие фестивалски песни на едно ЦД. Имаме и други планови, но пред време не сакам ништо да зборувам. Спремаме нешто убаво , меѓтоа за тоа, потоа, истакнува Кате од групата.
Групата “Соната” и ова година бележеа настап на фестивалот во Охрид, Охридските трубадури каде отпеаа ведра и весела песна со наслов “Во љубов верувам” при што ја понесоа втората награда од стручното жири.
