Фустанот на Леди Гага е поекстравагантен од неа самата

Please follow and like us:
Pin Share

Кога Леди Гага ќе се појави на црвениот килим, веднаш знаете дека сите преостанати ѕвезди и ѕвездички можат веднаш да се спакуваат и да се упатат дома, бидејќи е речиси невозможно некој, покрај спектакуларната и секогаш различна Гага, да гледа во нив!

 

Популарната Леди Гага се појави на црвениот килим на премиерата на нејзиниот филм „Ѕвездата е родена“ во Лос Анџелес во тоалета со потпис на модната куќа „Живанши“, која за многумина би била „to much“, но на неа изгледаше како да е родена токму за овој фустан.

Фустанот е направен од светкав сребрен материјал, врз кој се наоѓа исто така светкава, сребрена и раскошна тантела. Покрај самиот фустан, тука беше и наметка на истата тема, која се влечеше по Гага додека позираше пред фотообјективите.

Please follow and like us:
Pin Share