Харис ѝ врши притисок на Радмила

Please follow and like us:
Pin Share

Последниве неколку дена Радмила Манојловиќ има големи грижи кој и ги задава дечко ѝ, односно пејачот Харис Берковиќ.

„Двајцата се се уште лудо заљубени, иако некои луѓе од нивното опкружување на било каков начин се обидуваат да ги разделат. Вистина е и дека имаат кризи во врската, но генерално одлично функционираат кога се заедно. И едниот и другиот премногу работат, па работата некогаш им претставува терет, затоа не можат никаде да отпатуваат заедно бидејќи на крајот од сезоната имаат закажани тезги. До душа, Рада повеќе. Харис е среќен поради тоа и ја поддржува, но во последно време инсистира да се преселат во Босна, затоа што таму би имале повеќе мир“, изјави извор за српскиот магазин „Ало!“ и додава дека Манојловиќ не е подготвена на овој чекор.

„Од неодамна сериозно разговараа и Харис ѝ соопшти дека за нивната врска е најдобро да живеат во неговото родно место. Меѓутоа, таа е премногу врзана за Белград и не сака да се сели од станот, па околу тоа си префрлуваат. Остана на тоа да помине зимата, па на пролет да одлучат дали ќе купат некоја недвижнина, најпрво во Србија или Босна“, изјави за српскиот магазин „Ало!“, пријателот на Харис, кој инсистираше да остане анонимен.

Please follow and like us:
Pin Share