Миле Кузмановски со нова песна и подготовки на новиот албум

Please follow and like us:
Pin Share

Фолк пејачот Миле Кузмановски со нова песна, насловена “Во име на љубовта”. Имено, како што појаснува Миле, станува збор за една нова соработка на музички план, при што дошло до еден комплетно нов производ.

-Кога искуството и младоста ќе се спојат, квалитетот на производот е одличен, па така изминатиов месец една убава дружба роди нова соработка и моја нова песна. Имено, Бобан Василевски е комплетен автор на музика, текст и аранжман на мојата нова песна насловена “Во име на љубовта”. Песната е снимена во неговото студио во продукција на ССЛ, истакнува во својата кратк изјава за ИН, фолкерот Миле Кузманвски.

Притоа како што додава Миле, оваа песна како и останатите други сработени ќе се најдат на неговиот нов албум на кој интензивно работи.

Please follow and like us:
Pin Share