
“На 36-годишна возраст станав мајка со три деца, раѓајќи близнаци, го обновив мојот завет кон мојот сопруг и се вратив на сцената за да настапам на Coachella по бременоста. Потоа заедно со мојот сопруг го издадовме албумот “Сè е љубов”. Бевме на турнеја со нашето семејство низ целиот свет и беше прекрасно. Оваа година беше најважна за нас “. Ова беше напишано од Бијонсе во Инстаграм, каде што прикачи слики од нејзиниот роденден.
Пејачката ја наполни својата 37-годишнина во Сардинија, Италија.
“Му благодарам на Бога за сѐ во мојот живот. Ви благодарам за целата позитивност и добрите желби за роденден. Планирам да продолжам да учам од минатото, да живеам во сегашноста и да се посветам на иднината “, додаде пејачката.
Профилот на Beyonce на социјалната мрежа јасно покажува дека таа и нејзиниот сопруг Џеј Зи имале романтично патување со јахта.
Пејачката изгледа симпатично без шминка и розов сет. На една од сликите што таа ја претстави таа е до тортата со натписот “Среќен роденден, г-ѓа Картер”, и нејзиниот сопруг е веднаш до неа.
Повеќе фотографии од роденденот на Бијонсе можат да се видат во нашата галерија.
