
Изминативе неколку години се редовни со свои настапи на охридскиот фестивал, каде секоја година пред публиката се појавуваат со нова песна. Велешката група Соната и оваа година ќе имаат свој настап на овој реномиран фестивал во Охрид а за разлика од претходните, годинава тие ќе отпеат поинаква ритмичка песна од видот на балади.

-Изминатите три години имавме, подинамични , повесели песни. Оваа година се одлучив за она кое што мене ми лежи на душа и ми е омилено. Станува збор за една прекрасна балада. “Бегај солзо врела” се вика песната. Музика и аранжман на Цане Петров , текст на Онен Недековски. Разговаравме со Цане, кога ме праша каква песна сакам , ведаш знаев што да му кажам, бидејќи изминативе години имавме поразлично и оваа година ќе смениме. Задоволството навистина е огромно од моја страна затоа што обожавам балади и да пеам таква музика, истакнува Кате од групата Соната.
Групата “Соната” доаѓа од Велес и со право може да се каже дека претставува заштитен знак на македонската народна песна, особено староградската велешка песна.
