
Покрај тоа што се долго време заедно во музичките води на забавната македонска песна добро познатите Силви и Влатко од Силви Бенд, се заедно и во проватниот живот како сопружници. Тие од својот заеднички брак ја имаат ќеркичката Деаделина која на некој начин го оди патот на своите родители. Таа е нашето сонце што не грее, истакнува нејзиниот татко Влатко Плевнеш.
-Да, тргна по нашите стапки. Заврши основномузичко, средно музичко на ударни инструменти и на крај во Македонија го добивме првиот аудио инжинер , кој дипломира на светскиот Универзитет о Амстердам ЕСАЕ Институт и многу сме горди на таа нејзина диплома, светска, призната во целиот свет. Сето тоа си е по нејзина желба, истакнува Влатко.
Како што истакнува мама Силви, Деа е изразит индивидуалист и е сосема своја, како и заслугите кои што ги има во животот сака да бидат лично нејини.
-Не сака да се кити со името на татко и и мајка и. Мислам дека тоа беше една од поголемите причини поради кој што ојде во бел свет и се врати со светска диплома, на кој што сме особено горди и Влатко и јас. Посакувам на сите родители да си дочекаат, оној момент кога детето им добива диплома и кога ќе го прочитаат името е навистина убаво чувство, истакнува Силви.
Со оглед на големиот музички талент кој го поседува нивната ќеркичка, таа веќе бележи и заеднички проекти со своите родители. Особено учество во проектот “Коштана”, со перкусии, на разни ударни инструменти. Инаку таа твори свои дела и настапува како Ди-џеј.
