
Единствена и неповторлива, младата прилепчакна Елена Јовческа каде и да се појави со гајдата ретко кој може да остане рамнодушен на нејзината изведба. Таков беше примерот и неодамнешниот настап на Елена во селото Ѓавато по повод големиот верски празник Голема Богородица, каде Елена направи незаборавна атмосфера и разви големо оро свирејќи со гајдата.
-Вака се негуваат културата, традицијата и обичаите. Секоја чест на оваа девојка, македонка , пишува во низата поитивни коментари на објавеното видео на кое Елена беспрекорно свири на гајдата.
Особено за истанување е и фактот што видеото бележи голем број прегледи како и споделувања.
Повеќе од атмосферата на следниот линк:
ВАКА СЕ НЕГУВААТ КУЛТУРАТА ТРАДИЦИЈАТА И ОБИЧАИТЕ. СЕКОЈА ЧЕСТ НА ОВАА ДЕВОЈКА МАКЕДОНКА. С.ЃАВАТО Р.МАКЕДОНИЈА. ЗАТОА #БОЈКОТИРАМЕ #РЕФЕРЕНДУМ
Gepostet von Robert Klisuric am Dienstag, 28. August 2018
