Вчера вечер се одржа премиерата на филмот „A Star Is Born“на Филмскиот фестивал во Венеција. Филмот е
режисерско деби на Бредли, кој ја има и главната улога покрај Лејди Гага. Двете ѕвезди на црвениот тепих пристигнаа заедно држејќи се раце. 32-годишната пејачка се претстави пред фоторепортерите во елегантно издание кое вклучуваше бел фустан со дамски крој и црна чантичка.