Како поминува еден вообичаен ден на Гоце Петрески-Бананата?

Please follow and like us:
Pin Share

Во емисијата “Промо” гостуваше Гоце Петрески, кој меѓудругото ни раскажа како поминува еден вообичаен ден за него во Австралија, кадешто живее и работи долги години.

Гоце Петрески веќе долги години живее и работи во далечната Австралија. Тој во емисијата Промо ни раскажа како му поминува еден вообичаен ден таму и без кои задоволства неможе да го замисли истиот.

-Во Австралија работам и преку недела, значи денот ми поминува работно со доста патување, а пронаоѓам време и со музиката да се одржувам на некој начин со свирење, со пеење. Неколку часови морам да одделам и за фамилијата, за дечињата. Центарот на живеење ни е направен да биде во средина на куќата, тоа ни е како едно мало збирно место и се трудиме на секој начин да си го потрошиме времето заедно. Еден ден во неделата одделуваме да немаме интернет, знаеме дека младите сега цело време се на социјалните мрежи и така еден ден ни е без интернет, да си се собереме сите.-истакна Гоце, при гостувањето во ИН Продукција.

Гоце вели дека во Австралија е навистина убав животот, само што е премногу динамично и цело време се работи, па доста се зафатени, додавајќи дека доколку сакаат да си поминат време со најблиските, сето тоа мора предвреме да се испланира.

Please follow and like us:
Pin Share