Битолскиот Екстра бенд најавува нов проект

Please follow and like us:
Pin Share

Битолскиот Екстра бенд најавува проект кој ќе биде поразличен од досегашните. Проектот како што откриваат од бендот, ќе биде во стилот на нивната авторска песна “Сега оди”.

Иако периодов се презафатени со бројните настапи низ земјава, сепак одвојуваат време и за снимање нов материјал. Момците од Битолскиот Екстра бенд најавуваат нов проект кој ќе биде поразличен од она што досега го снимиле.

-Минатата година снимивме нов проект точно за време на тие свадби, за време на фамилијарните веселби кога бевме најмногу ангажирани. Нормално дека планираме некој нов проект, но овој проект ќе биде сосема поразличен од оние два коишто ги имаме веќе снимено. Другиот проект ќе биде во стил на нашата песна Сега оди, па да го испочитуваме малку и тој стил.-истакна Деан Ѓоргиовски, вокал на бендот.

Екстра бенд-Битола се познати и по нивните настапи надвор од Македонија и се доста барани кај нашинците. Како што велат од бендот веќе имаат преговори за неколку места по летниот период.

-Изминатите две години за Нова Година бевме во Америка, а оваа година решивме да останеме тука во Македонија, но сепак побарувачката е голема и не се знае каде ќе отпатуваме. Дали тоа ќе биде Европа или подалечните земји и тоа не се знае. Но сепак лека полека тоа ќе се знае, сега е сеуште рано да се знае каде ќе отпатуваме.-додава тој.

Инаку, Битолскиот Екстра бенд има и неколку видео проекти кои се во соработка со ИН Продукција.

Please follow and like us:
Pin Share