Кети Пери во депресија

Please follow and like us:
Pin Share

Кејти Пери паднала во депресија поради релативно лошата продажба на последниот нејзин студиски албум „Witness“ од 2017 година.

Тој ја достигна продажбата од 180.000 примероци, за разлика од албумот од 2012 година, „Prism“, кој беше продаден во околу 286.000 примероци.

– Имам бранови на „последична депресија“, срцето ми беше скршено лани, бидејќи несвесно дадов многу голема важност на мислењето на публиката. А таа пак, реагираше онака како што не очекував… Тоа ми го скрши срцето. – изјави поп пејачката во интервју за „Вог“, проследено со фото-сесија со неа.

Кети им препорачува на своите колеги, и на пријателите – да не потклекнуваат пред разочарувањата.

Инаку, Пери е во врска со светски познатиот глумец Орландо Блум.

Please follow and like us:
Pin Share