ПОЖАР НА СЦЕНАТА НА КОНЦЕРТОТ НА БРУНО МАРС

Please follow and like us:
Pin Share

Во текот на вчерашниот концерт на светската музичка ѕвезда Бруно Марс во Глазгов се запалила сцената, потврди неговиот портпарол.

Во текот на настапот дошло до мал инцидент откако почнале да горат неколку рефлектори, па концертот бил прекинат на кратко.

Пејачот и музичарите слегле од бината, а на видео бимовите било испишано соопштение: „Известување. Мора да го прекинеме концертот заради безбедносни мерки. Повеќе информации наскоро“.

Пет минути потоа Марс се вратил на сцената и запеал „Ја запаливме сцената во Глазгов“ и додал дека со брза реакција на екипата пожарот е изгаснат, а концертот продолжил.

Please follow and like us:
Pin Share