“Мелем за душа” е насловен првиот соло албум на Стојне Николова, кој што е веќе пратен на печатење. Стојне во интервју за ИН ТВ истакна дека албумот ќе биде промовиран во најскоро време.

Првиот албум од Стојне Николова кој е насловен “Мелем за душа” на огромно задоволство на големиот број нејзини фанови, е веќе комплетиран. Како што открива Стојне за естрадниот магазин “Естрада плус”, албумот веќе е пратен на печатење, а во најскоро време ќе си добие и своја промоција.
-Се печати веќе, албумот носи наслов “Мелем за душа”. Тоа е мојот прв албум со новосоздадени авторски песни, а имам и албум со народни преработени песни кој што го издадов на моја 17-годишна возраст. “Мелем за душа” е спој од модерни песни поп-фолк и фолк композиции за сечиј вкус. Песни кои што внимателно ги одбиравме со мојот тим и песни за кои можам да кажам дека се навистина квалитетни. Верувам многу во нив и мислам дека ќе дојдат нивните пет минути.-истакна пејачката при неодамнешното интервју.

Актуелно кај неа е најновата песна “Спремај мајко дарови” за која како што вели Стојне коментарите се доста позитивни.
-Некако мојата кариера ја одбележаа песните “После мене”, “Око мое” и “Спремај мајко дарови”. Уште не беше промовирана оваа песна и веќе ја побараа на свадба, односно свадбата се отвори со неа и навистина ми е мило бидејќи може секоја невеста па и нејзината мајка да се пронајдат во песната. Немав досега песна со свадбарска тематика и мислев дека е време да се направи и таква, па и јас ќе бидам една невеста во иднина.-довава Стојне за гледачите на ИН ТВ.
