Стојне Николова уживаше на одмор во Шпанија

Please follow and like us:
Pin Share

Пред краток период, во прекрасната Шпанија имаше можност да ужива нашата убава млада пејачка Стојне Николова. Од таму се врати со бројни импресии, кои ги раскажа пред камерата на ИН ТВ.

Стојне Николова пред почетокот на бројните настапи за ова лето си зеде неколку слободни денови и замина на одмор. Таа пред извесен период беше во Шпанија, а во интервју за ИН ТВ ги сподели импресиите од ова прекрасно место.

-Бев на седум дена одмор во Шпанија со една моја колешка. Супер си поминавме, ние сме и двете многу позитивни личности и беше убаво, опуштено, релаксирано. Не беше многу долг период. Но мислам дека е доволно. Ние бевме во Лорет де Мар, неколку дена бев и во Барселона. Шпанија е преубава и пак би сакала да одам. Со сигурност ќе одам.-раскажува Стојне, за гледачите на ИН ТВ.

Со оглед на тоа што има доста ангажмани, Стојне вели дека некогаш навистина и е многу напорно, но откако ќе се одмори неколку дена повторно си ја бара нејзината публика, додавајќи дека таа живее за музиката.

-Некогаш знам да кажам, леле доста ми е од настапи, но по неколку дена одмор сфаќам колку уствари ми фали мојата публиката и пеењето. Едноставно јас живеам за тоа.-додава таа.

Пред само неколку денови заедно со нејзиниот колега Бобан Мојсовски снимија видео проект за новите кавери на познати македонски народни песни, од кои повеќето се патриотски. За следниот период најавува промоција на нејзиниот албум со авторски песни.

Please follow and like us:
Pin Share