Блаже Билбиловски ја промовираше неговата втора песна која е насловена “Божица”. Со оглед на тоа што песната е во брз ритам и со љубовна тематика, тој се надева дека ќе биде одлично прифатена од публиката, а посебно од помладата популација.

“Божица” е насловот на најновата песна на младиот и талентиран пејач, Блаже Билбиловски. Станува збор за љубовна песна, која е во поп стил, а Блаже ја претстави во студиото на ИН Продукција.
-Мојата нова песна е насловена “Божица”. Автор на текстот и музиката е Драган Матески, снимена е во студиото кај Дарко Дамевски, мојот долгогодишен пријател и соработник. Песната е направена во модерен стил, поп песна е пред се, во регетон стил. Ритам на песната е многу близок до нашата ориентална музика, односно четири-четвртинска. Поради тоа што оваа песна е направена во тој поп латино амерички ритмови, се стремев да наликува на нашите народни ритми, пред се со убава љубовна тема да им се допадне на младите.-изјави Блаже, за естрадниот магазин Естрада плус.

Пред само месец дена тој ја промовираше неговата прва песна која носи наслов “Биди силна до крај”, а за следниот период вели дека би изработил спот за “Божица”.
-Да, зошто да не, би снимил и видео запис, само што од минатата песна до оваа направив два аудио записи. Првата “Биди силна до крај” ја промовирав исто тука во ИН Продукција, ама ми дојдоа на многу краток временски период, за месец дена, така да не стигнав да направам видео запис, затоа што покрај снимањето на песните имам и приватни ангажмани со музиката и не стигнав да снимам видео. Јас сум за да се направи видео запис за втората песна затоа што е многу убава според мене, но тоа би било на почетокот на месец септември или крајот на август.-додава младиот пејач.
Блаже вели дека во скоро време ќе замине и на летен одмор, каде што убаво ќе се одмори од сите ангажмани и ќе ги наполни батериите за следни настапи и снимања.
