Спасен Силјаноски најавува нова песна која што ќе биде во стилот на неговиот хит “Ќе ти дојдам”. Песната како што открива тој ќе биде во помодерен стил.

Познатиот фолк пејач Спасен Силјаноски веќе подолг период е актуелен со неговиот голем хит “Ќе ти дојдам”. Тој за следниот период најавува нова песна која што ќе биде во стилот на овој негов хит.
-Бидејќи моментално да се пофалам ми е најактуелна од моите весели песни “Ќе ти дојдам” и дури и самиот јас се плашев дали ќе можам наредно да направам нова песна со која што ќе ја надминам таа песна, но верувајте имам веќе подготвено нова што ако не би била поубава верувам дека ќе биде барем на исто рамниште со “Ќе ти дојдам”. Но сметам дека ќе биде можеби и уште поубава бидејќи секогаш мојот инстинкт ме води право онаму каде што треба и никогаш досега не ме изневерил.-истакна фолк пејачот.

Тој вели дека има неколку нови песни, но за едната од нив силно верува дека ќе стане голем хит.
-Имам за снимање уште две три песни од кои што еве најавувам дека едната ќе биде навистина во стилот на “Ќе ти дојдам”, но со помодерен аранжман и се надевам дека ќе биде доста слушана и сигурен сум дека ќе стане еден од големите хитови.-додава тој.
Инаку, Спасен деновиве ја промовираше и дуетската песна со неговиот колега Дамјан Стојаноски, а истата е насловена Славчо и Иванчо. Во интервју за ИН ТВ и двајцата истакнаа дека се презадоволни од коментарите кои што им пристигнуваат по објавувањето на песната.

