Дамјан Стојаноски : Новите песни се подготвени, но промоција ќе има по летниот период

Please follow and like us:
Pin Share

Периодов е доста ангажиран со настапи низ земјава, а за месец септември најавува нова песна. Дамјан Стојаноски вели дека неколку песни се веќе спремни, но промоција ќе има по летниот период.

Пред краток период ја промовираше дуетската песна “Славчо и Иванчо” која што ја отпеа заедно со неговиот колега и близок пријател Спасен Силјаноски, а веќе најавува нови песни. Еден од најпознатите млади пејачи со извонреден глас, Дамјан Стојаноски при интервју за ИН ТВ открива дека новите песни се веќе подготвени, но промоција ќе има кон крајот на летниот период, бидејќи во моментов неговата агенда со настапи е навистина преполна и нема простор за финиширање на песните.

-Имам повеќе спремни песни кои што чекаат да бидат финиширани и објавени. Се надевам дека ако не за време на сезоната бидејќи сум малку зафатен, се надевам дека до септември најкасно ќе има нова песна. Јас сум ангажиран до месец ноември, но до септември ќе мора некако да се извади барем една од песните кои што ми се спремни.-открива Дамјан за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Тој вели дека малку ќе одмори од големите турнеи, но не ја исклучува можноста за кратки патувања низ Европските земји за есенскиот период. Дамјан ова лето како и другите музичари ќе биде стациониран во Македонија.

-Ќе има во Европските земји некаде на есен ќе имам неколку гостувања, а за поголема турнеја нека помине малку време. Летово ќе бидам тука.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Дамјан пред извесно време ја оствари неговата втора по ред турнеја во Австралија, каде што настапуваше заедно со неговите братучеди Влатко и Златко Миладиноски. Тие имаа успешна заедничка турнеја, а на нивните настапи се пееше исклучиво македонска песна.

Please follow and like us:
Pin Share