Познатата наша фолк пејачка Милица Кузмановска која неодамна беше дел од јубилејниот концерт на хармоникашот Гоце Џуклески, низ разговорот за ИН тв, открива како започнала нивната заедничка музичка соработка. Од понудените неколку песни, Гоце не се надеваше дека токму таа песна ќе ја одберам, истакнува Милица.
-Гоце не се надеваше дека ќе ја одберам таа песна, меѓутоа ја дадовме на фестивалот Цветници некаде 1995 година, песната се викаше “Мој ангелу”. Ја отпеав на фестивалот и тогаш беше се разбира во живо и сеуште ми буди добри спомени и сеќавања таа песна и посебно сеќавања на почетоците на нашата соработка, истакнува Милица.
Инаку Милица важи за една од емотивните фолк пејачки, која многу емотивно ги доживува песните а најповеќе тие емоции доаѓаат до израз при нејзиното пеење.
-Секогаш кога ги пеам песните, обично ние велиме дека секоја песна на некој начин е поврзана со нас, нашиот карактер и чувства.и кога зборувам, многу емотивно ги доживувам, само кога зборувам, а кога пеам тогаш емоцијата е уште поголема, додава Милица.
Во периодов кој следува Милица најавува снимање и на нови музички дела.
