Во период од година и пол, сними четири авторски песни. Младиот и талентиран Ангел Стојкоски, во преговори е за уште една нова песна, а најавува и албум во најскоро време.

Стружанецот Ангел Стојкоски полека, но сигурно ја гради својата музичка кариера. За краток период успеа да сними четири авторски песни, а веќе размислува и за нова песна која што ќе се сними во престојниот период.
-Во преговори сум со повеќе текстописци и музичари кои ќе работат на мојата нова песна и се надевам дека ќе биде одлично изненадување за публиката.-открива Стојкоски, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Со оглед на тоа што неговата кариера оди во нагорна линија, Ангел најавува и албум во кој што ќе ги собере сите негови песни.
-Планирам многу работи и ете како што гледате започнува и мојата кариера. Ќе снимам уште и се надевам дека за брзо ќе го завршам моето цд. Ја сакам оваа работа и со цело срце сакам да ја освојам публиката и да ги задоволам нивните очекувања.-додава тој, за гледачите на ИН ТВ.
Младиот пејач, деновиве сними спот за неговата најнова песна која носи наслов “За две сестри”. Видеото е во соработка со ИН Продукција, а спотот се очекува да биде промовиран во најскоро време.
