Група Далги во моментов подготвуваат фестивалска песна. Тие при гостувањето во ИН Продукција најавија настап на “Гоце Фест”.

Група Далги неодамна гостуваа во студиото на ИН продукција, каде промовираа авторска песна и две интрументални ора. Тие најавија и настап на “Гоце Фест, а велат дека песната веќе се подготвува.
-Имаме и планови за настап на фестивали. Планираме да настапиме на “Гоце Фест”, подготвуваме материјал за тој фестивал, па понатаму ќе видиме како ќе се движи потребата и за други фестивали.-истакна Дончо Бујароски, еден од членовите.

Тие се трудат да ја зачуваат македонската традиционална музика, затоа и оваа песна наменета за “Гоце Фест”, ќе биде во традиционален ритам.
-Нема да откријам многу детали за таа песна, само ќе кажам дека ќе биде повторно во традиционален македонски стил со помодерна изведба, но сепак да се зачува традиционалното.-додава Бујароски за естрадниот магазин “Естрада плус”.
Со претходниот состав, група Далги имаат настапувано на Гоце Фест, Канео фест и Охридски Трубадури.

