Група „Далги” ја негуваат македонската изворна музика

Please follow and like us:
Pin Share

Група „Далги“ се доста барани во Охридско-Струшкиот регион, а во моментов се повеќе стационирани во крајбрежниот ресорт на Метропол и Белви. Велат дека нивниот репертоар е различен и зависи од барањата на гостите, но најмногу свират македонска изворна музика.

Охридската група „Далги“ важат за еден од ретките состави кои ја негуваат македонската изворна песна. Тие се доста барани во Охридско-Струшкиот регион на фамилијарните прослави, а веќе потпишаа договор за соработка со познатиот ресорт Метропол и Белви, па токму тие се задолжени за музичкиот дел и убавата атмосфера на ова прекрасно место покрај Охридското крајбрежје.

-Веќе работиме, а главна свирка ни е во хотелот Метропол-Белви. Со нив веќе потпишавме договор за соработка. Настапуваме и низ други објекти, по приватни забави и одиме се понапред и понапред во тој поглед.-истакна Дончо Бујароски, еден од членовите на група „Далги“.

Тој при гостувањето во ИН Продукција, ни открива каков е нивниот репертоар, особено пред странските гости кои што го посетуваат ова место.

-Репертоар за таму ни е различен. Сепак ние настојуваме да ја зачуваме македонската традиција, нормално ја исполнуваме и желбата на гостите, но секогаш го пласираме она што е изворно македонско, односно нашите доајени на македонската музика ги вметнуваме во репертоарот за да се зачуваат корените, да се знае дека сепак сме во Македонија и сите заедно уживаме во таа музика.-додава Бујароски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Деновиве во студиото на ИН Продукција група „Далгипромовираа авторска песна и две инструментални ора. Тука не запираат, за следниот период веќе подготвуваат и нов материјал, а најавуваат и заедничко цд.

Please follow and like us:
Pin Share