
Фолкерката Сузана Гавазова покрај тоа што бележи доста работно лето, таа се пофали и со бројните патувања, особено во месец јули. Како што истакнува Сузе, од својот одмор дел поминала во Грција, дел во Босна како и на Балканот.
-Патувавме многу. Бевме и во Грција, Босна, Хрватска, Црна Гора. Ова цело лето ни беше и напорно бидејќи и не е лесно да се шета. Децата сега секој ден не прашуваат, “Мамо кај ќе одиме сега”? , им велам дома ќе седиме малку. И тие како нас се секогаш расположени за шетање, авантуристи. Сите имаме авантуристички дух, истакнува Сузана.
Сепак и покрај бројните патувања, Сузе не исклучува да истакне дека дома во Македонија и е најубаво. Периодов Сузана е во Македонија и е насочена кон создавање на нови песни.
-Почекавме од септември, октомври како што најавував песна на српски јазик. Во Србија ќе ја промовираме на телевизија. Ја напиша многу познат автор и текстописец, Драган Брајовиќ Браја а музиката ја правеше Денија Ликс. Песната излезе феноменално, сега треба спотот да го направиме и од октомври да оди на телевиизја, истакнува Сузе.
Исто така Сузе најавува и дует песна заедно со “Балкан Бенд”. Песната е веќе снимена, се очекува да се направи и спотот.
