Македонското социјално друштво Св.Наум Охридски од Мелбурн со бројни хуманитарни активности за Охрид

Please follow and like us:
Pin Share

Цели 35 години негување, постојано одржување на македонската традиција и култура но и пред се помагање на жителиот од родниот кра, е дејноста на социјалното македонско друштво Св.Наум Охридски од Мелбурн Австралија. Особено ваквата активност на интензивно  помагање и негување на македонскиот корен е

засилено со доаѓањето на господинот Васко Ангеловски, роден охриѓанец во далечната Австралија, кој сите изминати години е во постојано творење и продолжување на македонската традиција и помош кон родниот град.

-Ова социјално друштво од самиот почеток , почнавме со план, да прават нешто  и со тоа правење да помогнат во овај наш библиски град и оваа библиска Македонија. Некаде до 2005/6 година , Друштвото се трудеше што може спрема потребите на овој наш град, да испрати помош, материјално. Постојано во друштвото бев индиректно, што требаше да се помогне. Ме повикуваа да можам и јас да помогнам. Мислам дека беше 2006/7 кога делегација на општина Охрид дојде во Австралија со покана од охридското друштво во Мелбурн. Тогаш луѓето ме поканаа да се направи срдечен пречек на делегацијата и од тој момент станав активен член на тоа друштво и со тек на времестанав и претседател на тоа друштво, појаснува Ангелоски.

Притоа како што додава Ангеловски, ова хуманитарно друштво со гордост го носи тоа име, бидејќи има навистина голема и добротворна пред се дејност. Хуманитарните акции продолжуваат низ сите години наназад, а посебно за истакнување се сите нивни реализирани активности во Геријатриското оделение при Општата болница во Охрид, помош за Против пожарната служба во Охрид,  како и низа други хуманитарни активности кои биле дел од ова социјално друштво.

Please follow and like us:
Pin Share