Марија Шерифовиќ откри што мисли за македонската публика

Please follow and like us:
Pin Share

Единствената пејачка која успеа да ја донесе Евровизија во Србија, Марија Шерифовиќ важи за една од најдобрите вокали во регионот.

Каде и да се појави Марија ги полни салите, стадионите, а нејзините фанови ги пеат нејзините песни од прв до последен стих.

Шерифовиќ во март првпат имаше концерт во Скопје, каде што успеа да го наполни стадионот „Борис Трајковски“, а македонските фанови во хор ги пееа нејзините песни.

На 3-ти август Марија ќе одржи голем концерт и во Охрид, а сега искрено прозбори како се чувствувала кога првпат се појавила пред македонските фанови.

„Да бидам искрена и да ви кажам навистина најискрено, бидејќи не сум некој кој лаже кого било. Кога првпат дојдов во Скопје, тоа беше оваа година во февруари или март. Не знам кој беше точниот датум. Не знаев што можам да очекувам, сите ми зборуваа: „Тоа е супер публика, тоа се прекрасни луѓе“. Но, едноставно кога одите некаде за првпат не знаете што може да очекувате. Вашата публика пријатно ме изненади, нешто неверојатно. Толку срдечност и толку искреност, не знам… Чудни сте, навистина.“ – беше искрена Марија за 1ТВ.

Please follow and like us:
Pin Share