Благоја Грујовски подготвува песна за “Роса Фест”

Please follow and like us:
Pin Share

Благоја Грујовски подготвува нова песна со која што во месец октомври ќе настапи на “Роса Фест”. Тој вели дека станува збор за преубава песна, но содржината гледачите ќе ја чујат на фестивалот.

Познатиот фолк пејач Благоја Грујовски подготвува нова песна, којашто ќе биде наменета за фестивал. Благоја при неговото интервју за ИН ТВ истакна дека станува збор за прекрасна песна со која ќе настапи на годинешното издание на “Роса Фест”.

-Веќе се подготвува нова песна, која требаше да излезе пролетта меѓутоа ја оставивме за “Роса Фест” кој ќе се случи во октомври. Тоа е една преубава песна, да не ја откривам содржината меѓутоа вашите гледачи ќе ја чујат на “Роса Фест” годинава.-вели Грујовски.

Интересно е тоа, што годинава фестивалот ќе биде комплетно во живо, а на истиот е планирано да настапат бројни познати музички имиња од нашата естрада.

-Годинава се планира фестивалот “Роса” да биде комплетно во живо. Мислам дека ќе биде јубилејно издание бидејќи е јубилеј на радио “Роса”, така што организаторите подготвуваат навистина спектакл со врвни имиња од македонската естрада.-додава познатиот фолк пејач при интервјуто за Естрадниот магазин, Естрада плус.

Летото ќе го помине во нашата земја и ќе одмори од турнеите, бидејќи периодов е доста ангажиран со настапи во Македонија, најчесто на фамилијарните прослави и народни собири.

 

 

 

Сите содржини и објави на estradaplus.com се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено без договор со редакцијата.

Please follow and like us:
Pin Share