Илија Тотовски-Тота најавува голема турнеја во Америка за скоро време. Тој при интервју откри дека еден од изведувачите кои ќе бидат дел од оваа турнеја, ќе биде младиот стружанец Ангел Стојкоски.

Илија Тотовски-Тота при интервју за ИН ТВ, открива дека веќе е договорена турнеја за Америка. Сеуште не се знаат сите изведувачи кои ќе бидат дел од големата турнеја, но еден од нив со сигурност ќе биде младиот и талентиран пејач Ангел Стојкоски кој потекнува од Струга.
-Па сеуште неможам да кажам точно со кого ќе одиме, сеуште се преговара. Турнејата ќе биде во Америка, моментално со нас е и нашиот менаџер Стојче Стојкоски. На оваа турнеја ќе биде Ангел Стојкоски па ќе видиме понатака уште кои други пејачи, сеуште незнаеме, затоа и неможам да откријам повеќе па нека биде изненадување.-истакна Тота.

Илија вели дека во неговото музичко студио се работи со полна пареа, па во моментов се подготвува нов материјал, како и проект заедно со неговиот бенд.
-Моментално сме во план да снимиме нешто, работиме и на проект за мојот бенд. Нешто подготвувам и во студио, за мои авторски дела, но рано е сеуште да кажам.-додава музичарот.
Илија Тотовски-Тота неодамна се врати од големата и успешна турнеја во Австралија каде настапуваше заедно со Наум Петрески, Зуица Лазова и Џеват Рамадановски.
Сите содржини и објави на estradaplus.com се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено без договор со редакцијата.
