Северина сними дует со 5-годишно дете

Please follow and like us:
Pin Share

Хрватската поп ѕвезда Северина го промовира спотот за новата песна „Туториал“ во која и гостува 5-годишниот Љуба Станковиќ. Љуба е еден од годинешните учесници за српското музичко шоу за таленти “Пинкови ѕвездички” и е меѓу фаворитите на публиката, но и кај жирито на шоуто.

„Туториал“ е најновата песна на познатата хрватска пејачка Северина, во која гостува и малиот Љуба Станковиќ. За истата има и видеоспот, а за само неколку часа песната има преку 30.000 прегледи на „Јутјуб“.

По се изгледа ова ќе биде уште еден мега-хит на Северина, а фактот што во неа свој дел има и малечкиот Љуба, неизбежни се милионските прегледи.

Инаку Љуба се појави во детскиот фестивал „Ѕвездичките на Пинк“, каде со својот талент успеа да ги освои симпатиите на целиот регион.

Во продолжени погледнете го спотот:

Please follow and like us:
Pin Share