Стојне се запрашува : Што ќе биде “После мене” ?

Please follow and like us:
Pin Share

Стојне Николова работи со полна пареа. Иако летниот период е презафатена со настапи ширум земјава, таа одвои време и за снимање нов материјал. Овој пат станува збор за една прекрасна песна која нема никого да остави рамнодушен. Инаку, викендов Стојне и Бобан настапија во познатиот охридски локал “Лихнидос”, каде направија одлична атмосфера.

Летото е период во кој пејачите се посветени на бројните настапи, па речиси ретко кој се решава да снима нешто ново. Фолк џебната Венера, Стојне Николова подготвува нешто ново кое нема никого да остави рамнодушен. Станува збор за нова песна која е дело на Бобан Мојсовски и Љупчо Василев, а песната носи наслов “После мене”.

Стојне беше гостинка во ИН Продукција каде премиерно изведе дел од песната и еве што истакна за истата :

-Секогаш кога имам зацртано каков стил на песна сакам, тоа и го добивам. Сакам песната да излезе онака како што сме замислиле и се трудиме колку што можеме. Песната малку наликува на “Хабиби” од Азис, а се вика После мене. Промоцијата се надевам дека ќе биде за недела дена, заедно со видео запис, во соработка со Џамбо Агушев кој е задолжен за инструменталниот дел во песната. Музиката и аранжманот се на Бобан Мојсовски, а текстот е на Љупчо Василев кој воедно е главната машка улога во видеото.-вели пејачката.

Изминатиов викенд Стојне и Бобан беа задолжени за убавото расположение на гостите во познат охридски локал каде се бараше место повеќе, а публиката во еден глас ги пееше најголемите македонски хитови. Тие продолжуваат и понатаму со голем број веќе резервирани настапи, а Стојне периодов ќе биде сконцентирана на промоција на нејзиниот нов хит.

 

Фото : Мартин Петревски, ИН Продукција

Please follow and like us:
Pin Share