Фокус бенд со бројни фестивалски настапи и награди

Please follow and like us:
Pin Share

Фокус бенд често настапуваат на фестивалите кои се одржуваат низ Македонија. Досега учествувале на “Охрид Фест”, “Роса фест”, “Прилеп Фест” и многу други, а освоиле и бројни награди.

“Охридски трубадури”, “Прилеп Фест”, “Роса фест” се само дел од фестивалите во земјава кадешто настапиле момците од Фокус бенд. Тие имаат позитивно мислење за фестивалите и велат дека истите се добро место за промоција на новите песни.

-Имаме настапувано скоро на сите фестивали, имаме добивано и награди. На Охрид фест имаме настапено три пати, а на Прилеп Фест добивме и  награда за најслушана песна помеѓу двата фестивала, тоа е Жедни за мерак, песната којашто е носечка на цд-то. Имаме и на Роса Фест настапувано и на многу др.-истакна гитаристот Драган Ѓоргиевски.

Драган вели дека сеуште е рано да се каже, но размислуваат да снимат и нова песна којашто можеби ќе биде фестивалска.

Фокус бенд се добропознати по бројните свирки низ локалите, а нивните ангажмани најчесто се на фамилијарните прослави.

-Да бидеме искрени, најчесто настапуваме на свадбени веселби, имаме доста ангажмани сега да не звучиме нескромно, до половината од следната година сме зафатени.-додава тој.

Бендот постои скоро осумнаесет години на естрадата, а зад себе го имаат албумот “Жедни за мерак” на кој има 11 авторски песни и една преработка.

Please follow and like us:
Pin Share